Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид остварија победа против Виљареал во 24-то коло од Примера со која успеаа да го престигнат големиот ривал Барселона во една категорија.
Имено, „кралевите“ на 44 последователни натпревари се запишаа во листата на стрелците, сметајќи ги сите натпреварувања. Со тоа Реал стана вториот шпански клуб на кого му успеало тоа и се изедначија со Барселона, која тоа го направи во далечната 1944 година.
Виљареал на „Мадригал“ имаше предност од 2:0 се до 64-та минута кога Бејл намали на 2:1, а потоа Роналдо и Мората направија комплетен пресврт.
„Кралскиот“ тим последен пат не испеа да постигне гол уште во април 2016 година во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампиони против Манчестер Сити на „Етихад“.
За да станат апсолутни рекордери на Роналдо и дружината ќе им биде доволен само гол против Лас Палмас во среда на „Сантиаго Бернабеу“.