Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е спремен да испрати понуда до Челзи за спектакуларна размена.
Не е тајна дека Еден Азар е голема желба на тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан. Претседателот Перез сака да му ја исполни желбата и на „сините“ им нуди трампа.
Идното лето ќе се прави реконструкција на тимот на Реал Мадрид. Една од метите која медиумите често ја споменуваат е Нејмар, но ПСЖ тешко дека ќе го пушти Бразилецот.
Денес медиумите лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Перез е подготвен да понуди 120 милиони евра плус Герет Бејл за Челзи да го пушти Еден Азар, што е навистина „непристојна“ понуда за која вреди да се размисли.
Велшанецот ова лето сигурно ќе си замине од Мадрид, а Челзи е еден од заинтерсираните клубови заедно со Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Сепак, прашање е дали „сините“ ќе сакаат да се откажат од Еден Азар, на кого во јуни ќе му останат уште две години од договорот, а тој и понатаму одбива преговори, што јасно укажува дека неговите намери се да си замине од клубот.
Поради тоа раководството на Челзи сигурно добро ќе размисли за оваа понуда, особено ако Азар не потпише нов договор и инсистира да биде пуштен во Мадрид.