Реал го пушта без пари: Бејл во јануари се сели во Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иднината на Герет Бејл во Реал Мадрид повторно е неизвесна, па шпанските медиуми тврдат дека Велшанецот во јануари може да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Реал му ја отвори излезната врата на Бејл уште пред почетокот на сезоната, но Велшанецот одбиваше да замина во клуб каде што ќе добива помала плата, а истакна дека се уште му е рано да се пресели во Кина.

Познато е дека Бејл е во лоши односи со тренерот Зидан, па побарал од агентот да му обезбеди трансфер во јануари, а најсериозна опција е Шангај Шенхуа од Кина, клуб кој му нуди плата од 30 милиони евра по сезона.

„Марка“ пишува дека Реал Мадрид е подготвен да го пушти Бејл и бесплатно,бидејќи само од неговата плата ќе заштедат повеќе од 34 милиони евра.

Притоа, „кралевите“ на тој начин ќе отворат простор во тимот за доведување на нова голема ѕвезда.