Реал го плати 30 милиони евра, а типов не знае ни да жонглира со топката (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најновото засилување на Реал Мадрид, Тео Ернандез, важи за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, но на промоцијата на „Сантијаго Бернабеу“ не се прикажа во најдобро светло.

Имено, 19-годишниот бек се обиде да жонглира, но не успеа да ја исконтролира топката, па целата ситуација испадна комочна, и стана хит на социјалните мрежи.

Французинот минатата сезона играше на позајмица во Алавеш и се етаблираше како еден од најдобрите леви бекови во Примера, па „кралевите“ ја активираа неговата откупна клаузула од 24 милиони евра.