Реал и го краде големото засилување на Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако остана без Нејмар, Барселона тргна во потрага по засилувања, а први на списокот желби се Кутињо од Ливерпул и Осман Дембеле од Борусија Дортмунд.

Вчера Ливерпул ја одби понудата на Барса од 100 милиони евра за Филипе Кутињо, па каталонскиот клуб се фокусира на Осман Дембеле за кого каталонските медиуми тврдат дека „со една нога е веќе на Камп Ноу“.

Меѓутоа, последните информации говорат дека во трката за потписот на младиот Французин се вклучил и Реал Мадрид.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Реал има намера со својата понуда да ја зголеми цената на Дембеле и на тој начин да го спречи големиот ривал да го купи големиот талент.

Другата намера е во случај да им пропадне транферот на Килијан Мбапе, кој во моментов е поблиску до ПСЖ, веднаш да имаат адекватна замена.

Доколку „кралевите“ успеат да им ги расипат сметките на Каталонците околу Дембеле, тоа ќе биде трет „шамар“ за Барса ова лето. Претходно Реал победи во трката за Тео Хернандез и Дани Себаљос.