Реал е во потрага на дефанзивец – ова се имињата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, со оглед на лошите резултати од почетокот на сезоната.

Иако се тврдеше дека приоритет ќе биде засилување во нападот, сепак доброинформираната „Марка“ пренесува дека „кралевите“ сакаат да донесат дефанзивец.

Лопетеги сака да ја засили дефанзивната линија со играч кој ќе биде алтернатива за Рамос и Варан, бидејќи Начо и Валљехо не се на потребното ниво.

Главна мета на Реал е стоперот на градскиот ривал Атлетико Мадрид, Хозе Хименез кој има откупна клаузула во договорот.

Шпанските медиуми дури пренесуваат дека „кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата на Самуел Умтити и се спремни да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.