Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иднината на Герет Бејл во Реал Мадрид е неизвесна, а шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб дало зелено светло за негова продажба.
Најскапиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, иако за петте сезони во Реал освои три титули во Лигата на шампионите и една во Ла Лига, Бејл не ги оправда очекувањата, пред се поради големиот број повреди.
Медиумите во Шпанија тврдат дека раководството на клубот му дало дозвола да преговара со заинтересираните клубови, па на крајот на сезоната ќе може да ја промени средината.
Прв фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед, а Мурињо и минатото лето сакаше да го донесе на „Олд Трафорд“.
„Кралевите“ за неговата слобода бараат 90 милиони евра и веќе започнаа потрага по негова замена, а прв фаворит за да го замени Велшанецот е Мохамед Салах од Ливерпул.