Реал да го продаде Иско? Зидан се насмеа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесоа дека Реал Мадрид на лето спрема голема револуција во тимот и дека ќе заминат неколку фудалери, меѓу кои и Иско.

„Сакам Иско да ја мине цела кариера во Реал и тоа нема да се промени. Тој е фантастичен играч и тоа го покажува, не е точно дека сакаме да го продадеме. Секој член на оваа екипа е клучен. Играме многу натпревари и секој морам да го повикам во екипата. Јас имам најтешка работа бидејќи го бирам тимот“, истакна Зидан.

Реал речиси сигурно нема да ја одбрани титулата во Примера, а испадна и од Купот на Кралевите, а Зидан истакна дека нема причина екипата да биде негативна во пресрет на дуелот од ЛШ против ПСЖ.

„Работите понекогаш не одат онака како што посакуваме, но знаеме кои сме и мислиме позитивно. Го знаеме нашето оружје и знаеме дека се брзо може да се промени. Сакаме добро да играме и да ја намалиме негативата, а засега не мислиме на мечот во ЛШ“, додаде тој.