Реал и Барса се тепаат, Мурињо користи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Сосиедад, Алваро Одриосола, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ веќе подолго време ги следат неговите настапи, а испратиле и скаути да го гледаат на мечот со Салзбург во Лига Европа.

22-годишниот десен бек оваа сезона игра фантастично и за него силен интерес покажуваат и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Пазарна вредност на Одриосола во моментов изнесува 20 милиони евра, но се очекува споменатите клубови да се „тепаат“ за неговиот потпис следното лето.

Јунајтед веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ја победи конкуренцијата со тоа што ќе му понуди најбогат договор на фудбалерот.