Home Актуелно Реакција од претседателот Иванов: Премиерот Заев повторно ја лаже јавноста!

Реакција од претседателот Иванов: Премиерот Заев повторно ја лаже јавноста!

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.

Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ.

Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани, се вели во реакцијата на претседателот.

Инаку, во интервјуто, во еден момент премиерот Заев за малку ќе го изговореше името Македонија, но се сепна, а исечокот стана вирален на социјалните мрежи. Погледнете:

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…