Реакција од Фестивалот Андерфест: Разочарани сме, не ни е доделен ниту еден денар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Со сета почит кон сите други фестивали, артисти и културно уметнички работници, како организатори на фестивалот Андерфест кој за прв пат треба да се одржи оваа година, чувствувавме потреба да го дадеме нашето видување на неодамнешните настани поврзани со селективното доделување на финансии од страна на Министерството за култура“, се вели во соопштението од Здружението кое го објавуваме во целост.

Фестивалот Андерфест е планирано да се одржи од 5-7 Април 2019 година. Фестивалот е прв и единствен тридневен фестивал на кој ќе настапат исклучиво изведувачи од Македонија. Имено, веќе една година наназад напорно работиме на организација на фестивалот и со гордост можеме да се пофалиме дека на него веќе се потврдени да настапат преку 40 изведувачи кои несебично и без двоумење прифатија да бидат дел од фестивалот што само докажува колку овие изведувачи се желни за настап и промоција. Исто така извршивме и извршуваме низа дејства со цел што подобро да го промовираме настанот, како гостувања на телевизии, радија, веб медиуми и сл и сметаме дека настанот ќе го разбуди интересот на публиката и очекуваме голема посетеност а имајќи го во предвид фатот дека влезот за сите настани е бесплатен можеме слободно да кажеме дека сме сигурни дека настанот ќе биде посетен.

Здружението Андерфест е формирано од ентузијасти, вљубеници и почитувачи на македонската алтернативна сцена кои несебично ги вложуваат својот труд и време за организирање на овој настан а се со цел збогатување на културната програма во градот и државата и промоција на овие млади и надежни артисти се со цел истите да се мотивираат да продолжат со својата работа.

Најголемиот удар за нас дојде од Министерството за Култура. Како организатори на фестивалот Андерфест крајно сме изненадени и револтирани од одлуката на Комисијата при Министерството за Култура со која не е доделен ниту еден денар за овој фестивал. Имено најуредно аплициравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти во делот музичка и музичко сценска дејност и сметаме дека ги исполнуваме сите услови кои беа предвидени во Конкурсот. Не ни беа доделени НИКАКВИ средства без никакво образложение и крајно криминално фестивалот остана без најнеопходната поддршка.

На кому воопшто може да му пречи организирање на тридневен фестивал посветен исклучиво на македонски артисти, не сакам да нагласам но морам да кажам дека на Андерфест ќе настапат изведувачи од сите националности што е ирелевантно кога станува збор за музика и култура но гледаме дека се фаворизираат одредени националности па затоа и го напомеуваме истото.

Како Министерството за Култура ќе ги стимулира сите оние кои како Андерфест сакаат да започнат нешто ново нешто прогресивно, нешто што е од општ интерес? Наместо да се поттикне вакво нешто макар со минимален износ (кој нам би ни значел премногу) вакви манифестации сакаат да се сотрат уште во самиот зародиш. Во културата несмее да има место за политика, национализам и партиски наредби.

Со почит,
Здружение на граѓани за организирање на културно уметнички активности АНДЕРФЕСТ Скопје
Претседател,
Бојан Трпевски