Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерот Бред Пит и актерката Џенифер Анистон пред 14 години ја прекинаа својата петогишна врска и оттогаш двајцата тргнаа по различни, помалку или повеќе побурни или поспокојни љубовни патишта.
Неодамна, тие двајца повторно почнаа да се појавуваат во јавност што беше доволен мотив и причина за светските шоубизнис медиуми да се распишуваат многу работи, меѓу кои и тоа дека славниот актерски пар работи на помирување на љубовните страсти и емоции.
Пит неодамна и формално се разведе од Анџелина Џоли, со која беше во брак уште од 2005 година, кога раскина со Анистон. Оттогаш до денес, тој неколку пати се појавуваше со Џенифер во јавност, беше и на нејзината роденденска забава со посебен подарок за неа, пишува People.
Неодамна, дел од шоубизнис фоторепортерите и папараците го зачекаа Бред во Лос Анџелес додека одеше кон својот автомобил и веднаш го запукаа со прашања колкави се шансите за тој и Анистон да се смират. На тоа Пит само се насмевна и кратко им возврати: „О, Боже мој“, па продолжи да чекори кон автомобилот. Набрзо им мафна на новинарите и им посака пријатен остаток од денот.
„Тие двајца имаат сосема човечки нормален однос. Да не беше така, таа немаше да го покани на роденденот. Тоа беше голема и важна ноќ за Џенифер, славеше 50. роденден. Покани луѓе кои се важни и значајни во нејзиниот живот за да прослави со нив. Бред спаѓа во нив, па нормално е што беше таму“, изјави извор близок на актерите.