Реакција на СКРМ за одлуката на Министерството за култура за нивелација на платите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синдикатот на културата на Република Македонија ја поздравува одлуката на Министерството за култура и Владата на Република Македонија позитивно да одговорат на нашето барање и да обезбедат средства во Буџетот за 2019 година за порамнување на платите на ниво на дејностите. Сакаме да го нагласиме и искрениот ангажман на пратениците кои ги поднесоа амандманите за нивелацијата при расправите за предлог буџетот во Собранието на Република Македонија.

Како најголем и единствен синдикат кој искрено и вистински се бори за правата на вработените во културата потсетуваме дека нивелацијата е само почеток во „лекувањето на децениските болести” кои ги мачат вработените во културата и добар сигнал дека состојбите се менуваат. Донесувањето на нов Закон за култура и потпишувањето на нов Колективен договор се основните два приоритети со кои засекогаш ќе ставиме крај на понижувачкото секојдневие и непочитувањето на социјалните права. Претстои уште многу работа, а нашиот „борбен морал” е на највисоко ниво. Продолжуваме непоколебливо кон остварување на финалните цели.