Реакција на Мила Царовска: Изјавата за 17.000 денари е извадена од контекст


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако во најголем дел од македонските медиуми беше споделена изјавата на Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, дека според едни пресметки на еден индикатор, едно четиричлено семејство месецот може да го помине со 17.000 денари, на својот Фејсбук профил реагираше самата министерка со став дека таа нејзина изјава во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител е извадена од контекст и се манипулира со неа.

Таа реагираше на насловите во кои се наведува дека Царовска тврди дека четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари.

„Во интерес на вистината ве молам споделувајте. Насловите подолу кои ги вадат порталите се целосно извртување на вистината. Во емисијата детектор споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика. Еве ја мојата целосна изјава:
„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики“, напиша Царовска на Фејсбук.