Реакција на Меси за инцидентот на квалификацискиот дуел со Бразил


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчерашното големо дерби помеѓу фудбалските репрезентации на Бразил и Аргентина во рамки на квалификациите за СП беше прекинато.

Уште во воведните моменти здравствените власи и полицијата влегоа на теренот поради четворица фудбалери кои според правилата требало да бидат во карантин. Станува збор за фудбалерите од Премиер лигата кои немале право да играат зошто морале да поминат карантин.

Таквиот однос ги налути Аргентинците, па целата репрезентација не сакаше да го продолжи натпреварот.

„Ова е срамота. Не смееше да се случи вакво нешто на теренот. Тука сме три дена и никој не ни побара ништо, сите нормално тренираа. Ако тие четворица фудбалери биле проблем зошто не ги побараа во хотелот, зошто го чекаа натпреварот“, изјави Меси.