Реакција на комисијата од конкурсот за млади поети од Агенцијата за млади и спорт


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Почитувани, од страна на Агенцијата за млади и спорт, на комисијата во состав: Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчовски, ѝ беа предадени авторски дела, потпишани со шифра. Комисијата нема увид во идентитетот на авторите.

Комисијата ги разгледа делата и направи избор на песни за прва, втора и трета награда.

Дополнително, пред неполн месец, беше побарано да напишеме предговор за книгата во кој дадовме општ осврт за повеќето од пристигнатите песни.

Комисијата немаше обврска да прави селекција на пристигнатите песни за книгата, а со оглед на тоа што од песните што ни беа дадени на разгледување, некаде околу 80, се објавени само 44 песни, значи дека сепак некој направил селекција. Притоа, никој од нас не беше консултиран кои песни да влезат во изборот за книгата, а кои не.

Решението што на прес конференцијата го прочита директорот на Агенцијата за млади и спорт, нам, никој, во ниту една прилика, не ни го презентираше или достави.

Како жири комисија, уште еднаш се оградуваме од скандалозните содржини вклучени во збирката.

 

Со почит,

Јовица Ивановски,

Николина Андова Шопова,

Тихомир Јанчовски