Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Секој обид на Трифун Костовски за замајување и дезинформирање на јавноста и за барање виновници за стечајот на Еуростандард банка е залуден затоа што единствени виновници се тој како акционер и претседател на Надзорниот одбор и менаџерскиот тим на банката, реагираат од Комерцијална банка.
Костовски, според нив, во секое негово обраќање покажува дека е или комплетно неинформиран за работењето на Еуростандард банка и не е упатен во банкарското работење воопшто или, пак, намерно ја извртува вистината.
Досега се изначитавме дека виновни му се гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот премиер Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, Комерцијална банка… Значи, според него, виновни се сите други освен поранешните акционери и менаџментот на Еуростандард банка. Каков апсурд и лага.
Пред точно една година Комерцијална банка ја објави својата последна реакција во врска со небулозите и лагите на Трифун Костовски и затоа во оваа прилика сакаме само да потсетиме дека Костовски повторно заборава дека тој и неговиот раководен тим се единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити кои не можеа да се наплатат и затоа тие се главните виновници за пропаѓањето на Еуростандард банка.
И повторно, свесно или не, г-динот Костовски или лаже или не знае и ја дезинформира јавноста за продажбата на зградите Палата Македонија и Поштенска банка во постапката за извршување на имот ставен под хипотека во Комерцијална банка за кредити дадени на неговата фирма Гофи. Зградата Поштенска банка е веќе продадена минатата година на друг субјект, а не на Централна кооперативна банка, што денес може да го види во Катастарот. Залудно се обидува Костовски да вовлече нови правни субјекти, кои немаат никаква врска со тоа, во неговата приказна и лажни манипулации. Втората зграда, Палата Македонија, исто така, е продадена на лицитација од извршител, на која учествуваа двајца лицитанти, за 1,83 милиони евра. Продажната цена е за над 30.000 евра повисока од цената по која своевремено неговиот син Коста Костовски направил и преддоговор за продажба. Би било многу интересно да објасни како тоа кога Коста Костовски продава по помала цена, тоа е пазарно, а кога се продава на лицитација по повисока цена, тоа било „под објективната пазарна цена“??? Навистина невидени глупости.
Костовски слободно нека продолжи да ја замајува јавноста со дезинформации и шпекулации, но тоа нема да ја промени вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка. Ако и понатаму смета дека има основ, нека си тера постапки пред надлежните домашни, па и меѓународни судови“, се додава во реакцијата.