Реакции и изјави на државниот врв во врска со апсењето на македонскиот дипломат Миленковски во Србија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На прашање за коментар во врска со уапсените македонските дипломати во соседна Србија, македонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека македонските власти ќе постапат согласно сите меѓународни договори што сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но оти ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани.

„За дипломатите, додека не ги побара некоја земја, важат истите права како и за секој граѓанин. Ние навистина не можеме да преземеме какви било дејствија за наш граѓанин ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР, работат и дома и во нашите мисии, односно амбасади. Одреден период се надвор, одреден период се дома“, рече Заев.

Премиерот рече дека не ги знае сите детали за случајот, освен што прочитал дека тој датира од 2018 година.

„Нормално дека земја, која е развиена демократија, ги почитува меѓународните договори и клаузули. Ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но, секако, се работи за наш граѓанин и сакаме да дополнително да ги дознаеме сите правни акти. Затоа што пред сè сме должни да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право“, рече Заев.

Во 2019 година има информации кои ги добива МНР во смисла на тоа дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка. За тоа веднаш е известено МВР, но во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат, одговори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со апсењето по меѓународна потерница на македонскиот дипломат Миле Миленкоски во Србија .

-Меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25. февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи е Наќе Чулев. Што во тој момент е направено, дали е известено МНР или не, немам детални информации , објасни Спасовски.

На прашњето зошто не е отоврен постпка во нашата земја за овој случај, Спасовски десцидно кажа дека во Ерменија се води истрагата.

Со коментар вчера на Фејсбук се огласи и бившиот министер за надворешни работи и актуелен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров.