Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
25-годишна девојка која четири години водела кафуле во рамки на британскиот парламент, за британските медиуми ја раскажа својата искуствена приказна за тоа во која мера одредени пратеници се нападни и незгодни.
Експлозивните тврдења доаѓаат откако секс скандал крена прашина во британскиот парламент. Информациите за серија сексуални злоупотреби и напади секојдневно протекуваат во јавноста.
Алис Бејли почнала да работи во барот кога имала 19 години, а тврди дека во текот на периодот додека работела во парламентарното кафуле в кревет се обиделе да ја одведат речиси 30 пратеници. Еден од нив, како што тврди таа, ја малтретирал за време на возење во автобус.
Ќе се опијат, па ги малтретираат колешките
Parliment’s Sports and Social Bar е место каде редовно се собираат политичарите и министрите, а бившата келнерка во овој бар тврди дека политичарските фаци редовно ја наговарале на секс.
„Си дозволуваа сè и сешто, бидејќи бев само млада келнерка, а себеси се сметаат за многу важни луѓе на кои јас би требло да им бидам на располагање. Беа навистина бизарни, но и бедни, со оглед на тоа дека речиси сите беа женети и барем двојно постари од мене“, вели Алис за Daily Mail.
Бејли открива дека еден од министрите ја преколнувал да спие со него, и тоа во првите двачаса од првата смена која ја одработила во кафулето од парламентот Друг, пак, се обидел да ја пофаќа во автобус откако испил 12 кригли пиво.
Девојката додава дека министрите често ги пофаќаат помладите колешки по ходниците од Парламентот, а таквите непријатни ситуации обично следуваат после тешко опивање во споменатиот бар.
Сексуални манијаци во највисоките ешалони на власта
Бившата келнерка тврди дека неа се обиделе да ја одведат в кревет барем 30 политичари, од кои многумина својата работа ги носела далеку од нивното семејство, па поради тоа морале да отседнат во Лондон.
Жените, поради тоа, компилираа „валкано досие“ во една WhatsApp група, каде собраа дури 40 имиња, меѓу кои посебно се истакнаа оние на шестмина кабинетски министри и 12 нешто пониско рангирани министри. На списокот на срамот се наоѓаат и имиња на десетмина бивши министри, од кои некои беа дел од Владата.