Развратна наставничка уапсена поради врска со ученик: „Се сексавме, ми купи трева и бонг“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мажена наставничка од основно училиште беше уапсена бидејќи 14-годишен ученик тврди дека таа му купувала марихуана, бонг за пушење и му праќала голи фотографии, а го водела и на места каде со часови биле сами.

Полицијата од сојузната држава Флорида, во средата наутро, ја упаси 26-годишната Стефани Петерсон, откако еден нејзин ученик признал за нивната врска пред неговите родители.

Овој ученик од осмо одделение признал дека Патерсон знаела да го собери околу 23 часот и после тоа со часови биле сами заедно. Откри дека му праќала и голи селфи фотки и дека му купувала и марихуана и бонг за пушење на истата. Момчето тврди дека почнал да слабее во успехот на училиште поради оваа врска. Тврди дека наставничката го терала никому да не кажува за тоа.

Петерсон беше уапсена под сомнение за ласцивно и недолично однесување, како и снабдување на малолетник со опијати. Кауцијата за да се брани од слобода е 25.000 долари, пренесува Дејли Мејл.

Шерифот од округот соопшти дека досега истрагата покажала оти врската помеѓу наставничката и ученикот започнала во ноември. Засега не е јасно дали тој е нејзин ученик кому таа му предавала.

Петерсон даде отказ во училиштето еден ден пред да биде уапсена.