Разводот го прослави со фотосесија, вино и спалување на венчаницата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога ќе застанете на „лудиот камен“ пред црковниот олтар и ќе го кажете заветното судбоносно „да“ со саканата личност, ветувајќи си дека ќе останете заедно до крајот на животот, разводот е последно нешто кое би ви паднало на памет.

Филмовите од жанрот на романтични драми и комедии не учат дека речиси секоја љубовна приказна мора да има среќен крај, иако за многумина среќниот крај во реалноста е малку поразличен отколку на филм. Кога Американката Кејтлин МекКи од Илионис се мажела, носела венчаница која наликувала на оние кои ги носат само принцезите, а насмевката на нејзиното лице покажувала голема среќа и радост.

Само четири години подоцна, Кејтлин можеше да се види како, облечена во истата венчаница, оди низ кал, носи шише со вино и позира пред фотообјективот. Нејзината фотосесија пред разводот од сопругот ја направи истиот фотограф кој ги фотографираше на венчавката.

Кејтлин венчалниот букет го замени со шише бензин и вино. Таа одлучи да се разведе од својот сопруг после десетгодишна љубовна врска и четиригодишен брак, иако во бракот добиле и ќеркичка. Интересен е податокот што нејзиниот, сега веќе бивш, сопруг сакал да учествува на предразводната фотосесија, но Кејтлин го одбила објаснувајќи му дека тоа е нешто кое мора да го направи сама.

„Тоа беше добра врска и добар однос. Заедно сме од мојата 16. година, но едноставно пораснавме и сфативме дека не сме еден за друг. Истражував што би можела да направам за да го прославам разводот, па мислам дека ова е најдоброто нешто кое можев да го направам. Како да ја покажав мојата бунтовност со овој потег“, објаснува Кејтлин.

Таа ја соблече венчаницата, го отвори виното, се напи една голтка, а потоа со бензин ја поли венчаницата и ја запали.