Развод тежок 145 милиони фунти: Адел се разведува од Конецки по 3 години брак


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славната поп дива Адел, која со своите албуми и песни ја освои буквално цела планета, се разведува од бизнисменот Сајмон Конецки, со кого седум години беше во љубовна врска, од кои три во брак после нивната тајна венчавка.

Адел се разведува од нејзиниот сопруг Сајмон Конецки. Тие ќе продолжат да бидат пријатели из аеднички да го чуваат својот син, пренесуваат шоубизнис медиумите.

„Адел и нејзиниот партнер се разведоа. Заедно со љубов ќе го чуваат својот син. Како и секогаш, замолуваат за приватност. Ќе нама други изјави”, соопштија портпаролите на пејачката ,Бени Тарантини и Карл Фиш.

Триесетгодишната Адел во тајност се венча со Конецки во 2016 , четири години по раѓањето на нивниот син Ангел.

Конецки е бизнисмен и осниовач на компанијата Life water и фондацијата Drop4drop , што промовираат глобален пристап кон водата за пиење.