Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Слепи лица успешно совладале виртуелен лавиринт како дел од експеримент извршен од страна на Универзитетот во Вашингтон.
Научниците користеле еден вид електрична стимулација на големиот мозок, наречена транскранијална микрополаризација. Така, тие успеале да создадат оптичка илузија кај учесниците во експериментот, која во 92 отсто од случаите помогнала во движењето во лавиринтот.
Процентот на ориентациски грешки во експериментот изнесува 15 отсто.
Транскранијалната микрополаризација претставува неинвазивно дејство на постојан електричен тек од 1,5 до два ампера низ големиот мозок, кое ги стимулира невроните поврзани со одредени физички и умствени активности.
Целта на овие истражувања е изнаоѓање и усовршување начини на полесна ориентација за слепите лица.