Home Наука и техонологија Разви 145 км/час на носач на авиони и закочи на време пред да падне во морето

Разви 145 км/час на носач на авиони и закочи на време пред да падне во морето

На еден ден пред официјалната премиера, електрична верзија на Порше ги презентираше своите перформанси на носач на авиони среде морето.

Новиот електричен Тајкан за компанијата Порше значи пресвртница кон производство на ексклузивни електрични модели , па затоа и премиерата е особено инспиративна.

За таа цел, од Порше одлучија да започнат со промоција на посебните перформанси, особено во поглед на забрзување и сопирање. Електричниот седан пристигна на носачот на авиони УСС Хорнет чија палуба е долга 265 метри.

На тоа растојание, Тајкан забрза до 145 км на час, а потоа запре без да падне во морето. Беа потребни 10,17 секунди и 222,8 метри за целиот маневар, со професионалниот возач на трки Шиа Холбрук зад управувачот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…