Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Гвинет Ли, 47-годишна богата вдовица од Челзи, Лондон, вели дека има афера со меѓународен златар, високопозициониран брокер и моќен банкар во исто време – и тврди дека неверните мажи трошат повеќе на подароци за Свети Валентин за своите љубовници, отколку за сопругите.
Бившиот модел следните две недели ноќите ќе ги минува со своите тројца љубовници, но на 14 февруари ќе биде сама, бидејќи нејзините швалери ќе бидат со своите сопруги.
Повеќе трошат на љубовниците
„Свети Валентин е најдобро време во годината да бидете нечија љубовница, бидејќи тогаш сте богато наградени со секс и подароци. Мажите кои се оженети можеби на самиот ден се посветуваат на своите сопруги, што мене ми е многу секси. И јас сум била сопруга на Свети Валентин, додека бев во брак со својот покоен сопруг Роберт и сè што можам да кажам е дека многу е позабавно да се биде љубовница“, вели оваа деловна консултантка.
Сите тројца мажи кои се швалерисуваат со госпоѓа Ли се свесни дека таа со нив се гледа на необврзна основа и дека ќе мора да ја делат со други оженети мажи во периодот пред Свети Валентин. Тоа значи дека таа се труди сите нив еднакво да ги вклопи во својот љубовен распоред, за ниту еден од нив да не се чувствува запоставено.
„Тажна е вистината дека моногамијата е преценета работа. Кој одлучил дека е добра идејата да му се предадеш и ветиш некому на 20-тина до 30 свои години и да останеш со него во следните 50 години? Каде е тука забавата? Сексот неминовно ќе стане досаден“, објаснува таа.
Во 10 години 100 мажи
Своите тројца љубовници Гвинет ги запознала на интернет страницата за запознавање, IllicitEncounters.com, откако се зачленила таму после смртта на нејзиниот сопруг кој починал од рак.
Таа страница е „свртилиште“ на добропозиционирани клиенти, кои заработуваат барем двојно повеќе од просекот. Гвинет тврди дека во десет години спиела со 100 оженети мажи кои ги запознала на тој сајт.