Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Преку ДНК тест кој му беше извршен на типот кој тврдеше дека е Тимоти Пицен, идентитетот на момчето кое пред 8 години било киднапирано, ФБИ откри дека тој нема врска со споменатиот идентиет, туку е бивш затвореник кој само пробал да дојде до медиумска слава и внимание.
Момчето, кое се појави на улица во градот Њупорт , во државата Кентаки и тврдеше дека е 14-годишниот Тимоти Пицен, киднапиран во 2011 од Илиноис, не е иста личност. Станува збор за поранешен затвореник, 23-годишниот Брајан Мајкл Рини, кој вчера на полицијата, целиот вознемирен кажа дека е 14 годишниот Тимоти Пицен, кој пред 8 години бил киднапиран, а потоа неговата мајка се самоубила.
Рини тврдеше дека има 14 години , што веднаш беше проверено, иако тој дури и во полицијата раскажал како „им избегал на киднаперите” и бегал цели два часа од мотелот во Илиноис за да стигне во пограничниот град Њупорт.
Портпаролот на ФБИ, Тод Лингрен денеска изјави дека лицето кое тврди дека е Тимоти Пицен, е затвореник кој на 7 март бил пуштен од затворот во Белмонт, каде одлежал 14 месеци за грабеж и вандализам.