Разорната моќ на земјотресите во Турција: Првиот кат од зградата се срушил, а горните буквално ги здробиле автомобилите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Турскиот град Адијаман е еден од најтешко и најкатастрофално погодените од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој минатиот понеделник го погоди југот на Турција и соседниот дел од Сирија.

На фотографиите кои се споделуваат постземјотресно од ова место се гледаат згради кои ги смачкале автомобилите кои биле паркирани до нив. Долниот кат од зградата се урнал како палачинка, а горните катови се спуштиле врз автомобилите.

„Стаклото на зградата остана недопрено. Излезе дека стаклото е поцврсто од основната структура“, напиша еден корисник на Твитер.