Размислете пред да фрлате ѓубре: Еве кој отпад за колку време се распаѓа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Да бидеме реални и искрени, мнозинството кај нас воопшто не се грижи ниту внимава за тоа каде, кога и какво ѓубре фрла. Дали е во парк, на улица или на планина, Македонците генерално имаат ниска еколошка свест кога станува збор за загадувањето и фрлањето ѓубре (со должна почит на исклучоците).

Луѓето најчесто фрлаат ѓубре на сите страни, без да размислат колку време на отпадокот му треба за да се разгради во природна средина. На депонија разградувањето трае уште побавно бидејќи најголем дел од ѓубрето е прекриено со друго ѓубре и не е изложено на воздух.

Еве податоци за тоа на каков отпад колку време му е потребно да се распадне.

– пластичните шишиња што ги гледаме секојдневно насекаде се разградуваат 500 години;

– хартиените марамчиња се разградуваат од 2 до 4 недели;

– лушпата од јаболко ќе биде разградена за два месеца;

– лушпа од портокал се разградува 6 месеци;

– мастика за џвакање ќе биде разградена за период до 5 години;

– волнена чорапа се разградува 1-5 години;

– тетрапак пакување ќе биде разградено за пет години;

– догорче од цигара во природата се разградува за 10 до 12 години;

– на кожните чевли им се потребни од 25 до 40 години;

– лименките се разградуваат дури еден век, а исто толку им е потребно и на пластичните запалки;

– на стаклото му се потребни 4000 години;

– супстанција која никогаш не се разградува е стиропорот.