Разговор на дипломатско ниво: Што си кажаа Димитров и Могерини


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По разговорите со Виолета Булц, еврокомесар за мобилност и транспорт и МНР на Романија, Теодор Малескану, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров се сретна и со високиот претставник на ЕУ, за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини со која, како што изјави Министерот, беше разговарано за европските приоритети на Македонија:

„Во регионот не треба да се плашиме да разговараме отворено за минатото, но не смееме да се дефокусираме од дискусијата за иднината, затоа што и иднината и вредностите што ги споделуваме се европски”, вели Димитров.

Во тој контекст се разговараше и со министерот за Европа на Франција Натали Лузеау, МНР на Малта Кармело Абела и МНР на Унгарија Петер Сијарто, дека за иднината на Балканот исклучително важни се и реформите и европската перспектива да бидат реални и кредибилни.

На што, Димитров додава „Непредвидливоста која ја обременува Европа и светот е сигнал дека ние во регионот мораме да ги забрзаме европските интегративни процеси“.