Разголено селфи на бремената Ешли Греам


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Планетарно најпознатата „плус-сајз“ моделка Ешли Греам, иако е во напредна бременост со своето прво бебе, не пропушти на нејзините обожаватели на Инстаграм да им го честита Денот на благодарноста со селфи на кое позира целосно гола.

„Среќен Денот на благодарноста“, ја напиша Ешли на сликата на која го покажува својот труднички стомак , додека го држи телефонот со едната рака а со другата ги покрива голите гради.

Ешли и нејзиниот сопруг Џастин Ервинс очекуваат во јануари машко бебе. Двојката ја објави веста за бременоста во август, на нивната деветта годишнина од свадбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Греам (32) е најславната плус сајз манекенка ,а се прослави во 2016 година, кога стана првиот модел со големина 16 која се појавила на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Греам го запознала Џастин Ервин во 2009 година и тие се венчале една година подоцна. Конечно, девет години потоа, во август оваа година, парот објави дека очекуваат бебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on