Разголена провоцира: Кендал Џенер распали на црвениот тепих во Кан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога некоја од фаталните припаднички на кланот Кардашијан/Џенер ќе се појави во јавност, особено на некој црвен тепих, тоа секогаш подразбира атракција, доза на контровезност и најчесто отфазла голотија. Овоја пат тоа беше случај со Кендал Џенер.

Убавицата се појави на црвениот тепих на 71-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, а нејзиниот изглед ги изненадил сите. Наместо гламур, Кендал се одлучила за фустан, кој по мислењето на многумина откривал премногу.

Една од најангажираните манекенки Кендал Џенер допатувала за Франција за да присуствува на еден од најелитните настани во светот на славните.

Специјално за оваа прилика, 22-годишната убавица носела многу ризична креација – проѕирен мини фустан кој потсетувал на мрежа, со златни светки.

Сепак, светките не успеале да го одвлечат вниманието од долната облека која таа ја носела, а брадавиците кои биле во прв план денеска ги “красат” речиси сите таблоидни списанија.

Иако Кендал е позната по храбриот моден стил и експериментирањето кое ѝ го дозволуваат годините, модните експерти не го одобруваат овој стил.

Кан подразбира и бара гламур, а Џенер сервирала евтина мода која на овој фестивал едноставно не е прифатлива.