Разбојници украдоа 3 милиони вредна уметничка слика – но, ги чекаше изненадување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Професионални крадци на уметнички дела на северот од Италија украдоа сликарско ремек-дело од 17. век потпишано од фламанскиот мајстор Питер Бројгел вредно 3 милиони евра. Или барем тие мислеа дека украдоа таков уникатен и скап уметнички примерок.

Полициските служби подоцна јавно објавија дека крадците се измамени и сликата на фламанскиот мајстор Питер Бројгел кај ја украдоа и моментално ја поседуваат е само фалсификат. Тие по сознанијата дека се подготвува кражба на сликата, го замениле оригиналот со копија.

Полицијата добила информации дека разбојниците ќе ја ограбат црквата во местото Кастелнуово Магра и пред еден месец поставиле фалсификат на местото на ремек-делото, кое било подарок за црквата од почетокот на 20. век. Биле поставени и безбедносни камери на црквата, но крадците , кои неделава ја украле вредната слика, уште не се фатени.

Тие вчера со чекан ја скршиле витрината и ја украле сликата, очигледно без да знаат дека е копија. Дури и градоначалникот Даниеле Монтебело, кој не го знаел планот на полицијата, објавил дека е украдено вистинското ремек- дело и изјавил дека станува збор за слика со непроценлива вредност.