Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уапсениот разбојник Демитриус Луис се појавил пред судијката Табита Блекмон на округот Броуард, за време на виртуелно сослушување и брзо почнал да ја опсипува со комплименти за изгледот.
Луис, кој наводно се обидел да упадне куќа во Форт Лодердејл, и рекол на судијката дека е прекрасна. „Само треба да ти кажам, ти си убава. Те сакам, те сакам”, и вели тој. Сепак, иако судијката се смееше,веднаш му рече дека ласкањето на суд нема да го однесе далеку.
SHOOTING HIS SHOT – A defendant apparently tried to make a move on a Broward judge during his bond court appearance this morning, but he didn’t seem to get very far. 😂
STORY: https://t.co/SCSgVJd1qU pic.twitter.com/12j2GyJsY4
— WSVN 7 News (@wsvn) February 4, 2021
Луис е обвинет и за поседување екстази, а на снимката се гледа и како обвинителот предлага кауција од 7.500 долари со оглед на тоа што имало деца на имотот каде што тој се обидел да упадне. Судијката на крајот му одредила кауција од 5.000 американски долари.
Снимката предизвика бројни реакции и на социјалните мрежи, а некои не можеле да поверуваат дека е судијката е вистинска.