Разбиен митот: Не е важно кога јадете јаглехидрати, ако се држите до ОВА правило

јаглехидрати

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Доктор Мајкл Мозли направи истражување за јаглехидратите, а резултатите беа еднакво изненадувачки, како за него, така и за оние кои се држат до строгите правила за правилен начин на исхрана и внимаваат што и кога јадат преку ден.

Постои верување дека јадењето доцна навечер, особено консумирањето јаглехидрати, може да ја уништи сета онаа здрава храна која преку ден ја внесувате во желудникот.

јаглехидрати

Доктор Мозли, кој стои зад диетата 5:2 и програмата за исхрана на дијабетичари, ја тестираше оваа теорија, а резултатите доведуваат до заклучок дека истата можеби и не е точна.

Пресврт во завршната фаза

Во првите пет дена од експериментот, волонтерите добија иста граница за внесување на јаглехидрати, кои повеќето ги консумираа за доручек. Потоа, пет дена јадеа нормално, па потоа пет дена јаглехидрати за вечера.

Цело време додека траеше експериментот, беше контролирано и следено нивното ниво на шеќер и крв. Мозли вели дека на крајот победникот бил неочекуван, но прилично очигледен и јасен. Имено, на почетокот од тестирањето, нивото на глукоза кај испитаниците во просек изнесувало 15,9, што лекарот го третира како високо, но очекувано.

Меѓутоа, вистински пресврт се случи во завршната фаза, кога таа вредност во просек падна на 10,4, што, според Мозли, е значително пониско ниво од очекуваното.

„Можно е да не е важно во кој дел од денот јадете јаглехидрати, туку дека повеќе влија периодот без консумирање јаглехидрати. Ако имате голема временска дупка од последното до наредното внесување на јаглехидрати, вашето тело е спремно да се бори со нив“, тврди лекарот.

Количеството јаглехидрати поважно од времето

„Тоа обично се препорачува наутро, бидејќи во текот на ноќта сте постеле. Но, студијата покажа дека, ако внесувате мали количества на јаглехидрати и преку денот, тоа има сличен ефект. Со други зборови, после неколку дена јадење јаглехидрати навечер, наместо наутро, телото ќе се навикне на таков режим и подобро ќе се носи со тоа“, додава тој.

јаглехидрати

Мозли вели дека во иднина треба да се направат дополнителни истражувања на оваа тема. Но, советува дека не треба толку внимание да обрнувате на тоа во кој период од денот ќе јадете оброк со јаглехидрати, туку да пазите да не консумирате големо количество од нив во сите оброци.

Што значи, ако навечер сте јаделе висококалоричен оброк, следниот, поточно доручекот, нека биде лесен оброк и обратно.