Раул Гонзалез и Душебаев во Ол Стар тимот на сезоната!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во пресрет на завршниот турнир во ракометната Лигата на шампиони, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави „Ол Стар“ тимот на сезоната.

На завршниот турнир во Келн, прв пат во историјата ќе настапи и македонска екипа, шампионот Вардар, чии успеси, ЕХФ ги вреднува и на поединечен план.

Алекс Душебаев е избран за најдобар десен бек во Лигата на шампионите, а Раул Гонзалес за најдобар тренер во сезоната 2016/2017.

Тим на сезоната во ЛШ:

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек:Микел Хансен (ПСЖ)
Централен бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Пивот: Лудовиг Фабрегас (Монпелје)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Тренер: Раул Гонзалез (Вардар)

Најдобар одбранбен играч: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

Најдобар млад играч: Надеим Ремили (ПСЖ)