Раул го објави списокот – Борко се враќа во репрезентацијата!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави поширокиот список за играчи кои влегуваат во конкуренција за двата квалификациски натпревари против Исланд.

Шпанецот повика 28 ракометари, а списокот дополнително ќе го скрати пред почетокот на подготовките за двомечот со Исланд.

Македонскиот селектор на поширокиот список ги врати играчите на кои неговиот претходник, Лино Червар, не сметаше за настапот на Светското првенство: голманот Борко Ристовски, средниот бек Немања Прибак и дефанзивецот Аце Јоновски.

Поширокиот списокот на Раул Гонзалес за натпреварите со Исланд:

Кирил Лазаров и Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Никола Костески, Костадин Петров (сите од Металург), Дејан Манасков и Филип Талески (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одрохеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Немања Прибак (Бешикташ), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази), Филип Лазаров (Тимисоара), Аце Јоновски (Бергишер), Влатко Митков (Кремс), Вело Марковски (ППД Загреб), Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитриевски (Борец), Кирил Колев (Пелистер), Мартин Поповски, Владо Недановски, Даниел Ѓорѓески (сите Вардар јуниор).

Натпреварите со Исланд, Македонија ќе ги одигра на 4 и 7 мај, првиот меч е во Скопје, а реваншот во Рејкјавик.