Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Реал и некогаш најдобар стрелец во Примера, Раул Гонзалез Бланко ги избра петте најдобри фудбалер кои го носеле дресот на „кралскиот“ клуб.
Како што призна и самиот Раул на „Сантиаго Бернабеу“ продефилирале многу врвни играчи, па и за него беше тешко да ги избери петмината најдобри.
„Без сомнеж дон Алфредо (Ди Стефано) е број еден“, изјави легендарниот напаѓач на Реал.
Пако Генто единствен играч кој во историјата има освоено шест трофеи од Лигата на шампиони го зазеде второто место.
Раул на третото место го постави најдобриот стрелец во историјата на Реал и актуелен освојувач на „Златната топка“, Кристиано Роналдо.
Сегашниот тренер на „кралевите“ и бивши негов соиграч Зинедин Зидан е на четврто место, а листата ја затвори сегашниот капитен на „кралевите“ Серхио Рамос.