Home Актуелно Рауфи тврди: Ова е уште еден доказ дека „Монструм“ е монтиран процес од МВР

Рауфи тврди: Ова е уште еден доказ дека „Монструм“ е монтиран процес од МВР

Уште една потврда дека случајот „Монструм“ е монтиран процес, посочи по денешното рочиште, адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

Имено, Рауфи посочи дека МВР го монтирал овој процес не само со заштитениот сведок и автомобилот, туку и со извршеното вештачење за земјата и оружјето кое било користено кај Смилковското езеро.

Сомнително според Рауфи е тоа што доставените примероци за вештачење не се знае кој ги однел во МВР, по што се јавува сомнеж дека една од чаурите е пронајдена во Билимбегово, а експертите тврдат дека одговара на оние од Смилковското езеро, и е подметната меѓу останатите.

„На сликата со број 13, каде има три чаури, на едно место не е возможно две да не одговараат со оние од Смилковското езеро, а една да одговара. Тука се јавува сомнеж дека таа чаура е извадена од депото на МВР и вметната помеѓу останатите“, вели Рауфи.

Инаку, следното рочиште е закажно за 26. октомври, кога ќе се продолжи со доказната постапка и наодите дадени од останатите вештаци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…