Home Актуелно Рационален по примерот на Пендаровски: Премиерот Заев леташе со економска класа

Рационален по примерот на Пендаровски: Премиерот Заев леташе со економска класа

Исто како и македонскиот претседател Стево Пендаровски, и премиерот Зоран Заев покажа приземност и скромност, барем кога станува збор за меѓународните службени патувања, па од Австрија за Македонија леташе со економска класа.

Фотографиите кои патниците ги направија со премиерот Зоран Заев во економската класа од авионскиот лет на релација Виена-Скопје станаа вирален хит на социјалните мрежи.

Тој вчера во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

И Пендаровски и Заев со овие потези оддаваат впечаток на приземност и рационалност кога станува збор за трошоците за службените патувања, во споредба со луксузните патни аранжмани кои ги користат други политички државни службеници. Сепак, ова е само еден мал дел од целокупната македонска политичка слика која треба на големо да се менува. Да се надеваме дека и вториот и третиот ешалон политичари „ќе ги префати“ оваа пракса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …