Рациново признание за „Јас и Лин, отпосле“ на авторката Ана Стојаноска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова е многу емотивен момент за мене. Многу ми е важно бидејќи Рацин е исклучително важен во мојот живот. За некој што пораснал со Рацин, што добил аманет од родителите, што учел да чита и „Татунчо“ му била омилена песна, што се вљубувал со „Антологија на болката“, ова признание е чест и гордост. Се надевам дека мојот роман ќе направи промена во македонската книжевност, рече добитничката Стојаноска.

Објавени се добитниците на наградите за 54. Рацинови средби, кои на 9 и 10 јуни ќе се одржат во Велес. Рациновото признание за 2017-та се додели на романот „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска во издание на „Блесок“, додека почесното Рациново признание постхумно го добива Хрватот Предраг Матеевиќ. Стојаноска наградата ја добива за романот, кој жирито во состав Владимир Јанковски, професор Марија Георгиева Димова и Сашо Димоски едногласно одлучило дека е најдобар по иновација по форма, структура и содржина, инвентивност и пристап.

„Јас и Лин, отпосле“ е роман во кој авторката успешно си поигрува со книжевниот вид роман, комбинирајќи различни книжевни постапки. Тоа е текст кој може да се чита како отворен книжевен експеримент, во кој преку преплетување на неколку различни конвенции се создаваат специфични жанровски микстури – ја образложи одлуката проф. д-р Марија Георгиева Димова. Таа е вработена како професор на Факултетот за драмски уметности Скопје, дипломирала општа и компаративна книжевност, а магистрирала и докторирала театрологија. Таа е една помладите добитнички на престижно Рациново признание, заедно со плејада автори кои ја одбележале македонската литература.

– Овој роман го напишав пред 12 години. Стоеше во различни фиоки, конкурирав во повеќе издавачки куќи и „Блесок“ го препозна романот и реши да го објави. Ова е многу емотивен момент за мене. Многу важно е за мене, бидејќи Рацин е исклучително важен во мојот живот. За некој што пораснал со Рацин, што добил аманет од  родителите, што учел да чита и „Татунчо“ му била омилена песна, што се вљубувал со Антологија на болката, ова признание е чест и гордост. Се надевам дека мојот роман ќе направи промена во македонската книжевност – рече добитничката Стојаноска.

Наградата Почесно Рациново признание првпат постхумно ја добива Хрватот Предраг Матеевиќ, за неговите заслуги за афирмација и промоција на македонскиот јазик, книжевност и култура во странство. Оваа одлука е донесена од професорите д-р Јелена Лужина и Људмил Спасов.

– Матеевиќ е истакнат универзитетски професор, шеф на три катедри од респективни универзитети, Загрепскиот, Сорбона и римската Ла Сапиенца. Тој е хуманист, полиглот, идеалист кој доживотно застапуваше постулатите за братство, еднаквост  и слобода, левичар од автентична Рациновска провениенција, граѓанин на светот, докажан пријател на Македонија. Тој 55 години беше универзитетски професор и доживотен почесен потпретседател на ПЕН а од 2009-та е член на МАНУ. Тој со негова иницијатива македонскиот поет Јован Котески го спасил од одлежување казна затвор од пет години – рече Лужина.

Наградата за љубовна твитер порака од 140 карактери ја доби Кавадарчанката Надица Тренчева. Таа напиша „љубов и мир ил љубов и војна, љубезно од Љубомир за Љубојна“.
Претходно беше објавено дека добитник на наградата „Антологија на болката“ за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка од современ македонски поет е стихозбирката „Тело одречено од пливање“ од Митко Апостолов.

Манифестацијата се организира со финансиска помош на Општина Велес и Министерството за култура.