Рацете на Трамп се до рамена во крвта од Сулејмани


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како тргнала работава, американскиот претседател Доналд Трамп на крајот ќе мора да смислува некаква слична „верзија“ како онаа на времето кога Американците на Ирак му измислија оружје за масовно уништување, за да го оправда нарачаното убиство на иранскиот командант Касем Сулејмани.

Првично алибито на Трамп за убиството на Сулејмани беше дека тој преставува „неизбежна закана“ за американската безбедност. Тоа беше на 3-ти јануари. Денес работата е стигната до таму Трамп да тврди дека „всушност и не е важно“ дали убиениот ирански командант планирал да убива Американци.

„Убивање висок владин функционер на држава со која САД не е во војна, и тоа на територија на трета држава, би било нелегално, освен во екстремни случаи на самоодбрана,“ пишува Тим Дикинсон во Ролинг Стоун.

Тој наведува и неколку експерти за меѓународно право според кои убиството на Сулејмани е легално „само ако САД можат да покажат дека тој е оперативен командант на напади кои само што не се случиле, и дека неговото убиство би ја попречило таа закана“.

Кон ова се приклучуваат и американски сенатори, па според еден демократ од под-комитетот за анти-тероризам, тие се уште немаат видено какви било разузнавачки докази кои наведуваат на неизбежен напад против американските сили. Републикански сенатори кои биле на брифинг со администрацијата на Трамп околу убиството, изјавуваат дека не им била дадена конкретна информација во врска со конкретен потенцијален напад.

„Според последните информации, убиството на Сулејмани администрацијата го планира со месеци, не како акт на самоодбрана, туку како мерка за одмазда против ’негативецот’ кој долго време раководи со насилните милиции во регионот.

Плус дознавме дека Сулејмани не бил единствената мета на атентатот, туку дека САД исто така се обиделе, и не успеале, да убијат уште еден командант на Кудс силите, Абдул Реза Шахлаи, додека бил во сосема четврта земја, Јемен.

Дополнително, самиот Трамп наводно ги карактеризирал нападите против Иранците како дел од напорите да се одоброволат дел од републиканците во Сенатот кои ќе служат како поротници во неговото сослушува за импичмент,“ пишува Дикинсон.

Извор: ОфНет