Ратајковски ненајавено „рипна в тавче“ и тоа со стил – во жолто, а не во бело


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славната убавица и модел која цел свет ја запозна по нејзината бескомпромисна храброст и самоувереност при разголените позирања пред објективите, 26-годишната Емили Ратајковски, ги изненади сите со објавата дека се омажи за нејзиното момче Себастијан Беар-Меклард, со кого беше во врска само неколку месеци.

Нејзините фанови беа изненадени и зачудени од овој нејзин потег, а тоа што најзборувано последните денови е нејзината комбинација, жолтите панталони и палто од Zara и црниот шешир кои ги носеше на денот кога го кажа судбоносното „Да“.

За разлика од другите познати дами, кои се трудат да изгледаат како неверојатни, гламурозни невести, Емили не одлучи да потроши премногу пари и својата комбинација ја плати околу 200 долари. Со тоа докажа дека и на таков голем ден една дама може да изгледа прекрасно, без премногу да се потресува да ги воодушеви сите.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Таа на својот профил на Инстаграм стави неколку Instagram Stories, со кои им соопшти на своите обожаватели дека има изненадување и дека се омажила. Потоа сподели и фотографија со својот нов сопруг.

A post shared by Sebastian Bear (@sebobear) on

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on