Ратајковски искрено за GQ: Имиџот и славата ги изградив врз сексапил и голотија, но јас тоа не сум вистинската јас


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во рамки на јунскиот, специјален број кој ќе следува од списанието GQ, а кој е посветен на културата на 21. век пред, за време на коронавирусот и после пандемијата на истиот, изработение се пет посебни насловни страници за овој специјален број, од кои едниот ја краси 28-годишната Емили Ратајковски.

Атрактивната бринета ја снимал нејзиниот сопруг, актер и продуцент Себастијан Бир-МекКлард, а во интервјуто, манекенката, меѓу другото, се осврна и на погрешната слика што јавноста ја создала за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GQ (@britishgq) on

„Ја користам сликата што ја изградив врз сексапил во голема мерка за да преживеам, но тоа не ме претставува како личност …“, вели Емили.

„Благодарение на светот на модата, заработив пари и се стекнав со стабилност, и со тоа дојде славата, и тоа е прилично бизарна работа … ниту го очекував, ниту сакав, иако некаде длабоко веројатно секој 20-годишник во одреден момент фантазира за биде барем малку познат“ – искрено зборува Ратајковски и додава дека таа самата еднаш донела неосновани заклучоци за познати личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

„Деми Мур – на пример, само затоа што е неверојатно секси и има одлично тело, ми беше дефинитивно ’отпишана‘ како актерка. Јас, Ем Рата, дали сфаќате колку е ова иронично! Само што покажува колку е длабоко навлезена мизогинијата во денешниот свет“ – објаснува манекенката, како што пренесува „Дејли меил“.

Таа исто така најави дека планира наскоро да објави книга, еден вид мемоари во кои ќе додаде доза на политичко размислување: „Се обидувам да го искористам сопственото манекенско искуство и да зборувам / пишувам како личност која капитализирала на својот имиџ и во исто време можеби и паднала како жртва на тоа“.

Конечно, Емили им даде на читателите дефиниција за херој.

„Херој е некој кој се спротивставува на системите на моќ и се бори против статус кво, без оглед колку е тешко или незгодно тоа“, заклучи таа.