Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Оскаровката Хали Бери е позната по несреќниот љубовен живот кој го имаше досега и по одличната физичка одржаност и линија, која меѓу другото, ја одржува и негува и со јога.
Според мислењето на голем број нејзини обожаватели, Хали Бери уште важи за една од најубавите жени на светот. Иако има 51 година, ретко кој може да му даде толку години на нејзиниот изглед, одражно тело, убавина, заводливост и сексапил кои ги има благодарение на комбинацијата од гени, здрава исхрана и вежбање.
Актерката обожава да вежба јога, а на една од последните фотки на Инстаграм покажа и колку е флексибилна благодарение на оваа пракса.
„Ова е една од моите омилени јога пози. Се чувствувам пет сантиметри подолга после вакво истегнување“, напиша таа во описот на фотографијата.
Хали, исто така, е позната дека слабо вртка среќа во љубовта, со оглед на фактот дека има четири пропадната брака зад себе: со бејзбол играчот Дејвид Џастис, со музичарот Ерик Бенет, со моделот Габриел Обри и со актерот Оливие Мартинез.
Еден бивш дечко ја тепаше, а од неговите удари Бери загуби дури 80 насто од слухот на левото уво.