Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не запира порастот на негативните бројки од катастрофата која во саботата вечерта ја погоди Индонезија.
Бројот на жртви достигна 373 лица, повредени се 1.459, а 128 се водат како исчезнати, соопшти Индонезиската агенција за справување со природни катастрофи.
Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау. Локалните власти соопштија дека се разурнати стотици домови и други објекти, а 12.000 жители се присилно евакуирани.
Неколку стотици полицајци и доброволци се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите по плажите во Индонезија.
Портпаролот на Националната агенција за справување со природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугоро на денешната прес-конференција изјави дека постои опасност од ново цунами поради непрекината ерупција на вулканот.