Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, за јавноста изјави дека од идната недела во Скопје ќе почнат со работа пет ковид центри каде ќе се дијагностицираат и лекуваат пациентите со ковид. Ковид амбулантите ќе бидат сместени во поликлиниките Идадија, Ѓорче Петров, Јане сандански, Ченто и Чаир. Тие треба да почнат со работа идната недела, со работно време и од 7:30 до 19:30 часот,а во нив пациентите ќе бидат тестирани и со брзи ковид тестови, пренесува Вечер.
Омикронот ги наполни амбулантите на матичните лекари. Секој втор тестиран за детекција на ковид вирусот оваа недела е позитивен.
-Ковид амбулантите ќе бидат сместени во поликлиниките Идадија, Ѓорче Петров, Јане сандански, Ченто и Чаир. Тие треба да почнат со работа идната недела, со работно време и од 7,300 до 19,30 часот,а во нив пациентите ќе бидат тестирани и со брзи ковид тестови. Со тоа се фокусираме на примарното здравство каде што во моментов притисокот е најголем, за да може матичните лекари да можат да се ангажираат на редовната работа-информира д-р Мехмедовиќ и нагласува дека стручните медицински тимовите веќе се подготвени, а во нив ќе ротираат и дел од матичните лекари.
Тој потенцираше дека и покрај зголемениот број на заразени на дневна основа, во болниците има малку пациенти и затоа Македонија се уште е во зелената зона. Д-р Мехмедовиќ нагласи дека нема потреба од дополнителни мерки остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.
Според бројките што ги објавува на дневна основа Институтот за јавно здравје веќе неколку дена по ред, бројот на новозаразени е над 700, а само вчера 788 нови случаи на ковид-19,а реихфицирани се 191. Речиси половина од новозаразените и тоа 1.865 се во Скопје, а бројот на активни инфицирани лица со вирусот во моментов е 3.838. Во вчерашниот ковид билтен беа регистрирани и четири починати лица, а претходниот ден од опасниот вирус меѓу починатите беше и 23-годишна девојка од Свети Николе.
Во болниците ширум земјава се хоспитализирани околу 50 пациенти.
Тимот од лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје во текот на изминатата недела направи секвенционирање на 48 примероци на лица позитивни на ковид-19. Кај 39 било пронајдено присуство на БА.5 – подваријантата на омикрон.
И Министерството за здравство деновиве препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување.
– При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго како што се канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично, како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат-велат од ресорното министерство и апелираат кон граѓаните да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.
Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија предупреди дека дијареата, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со Омикрон БА-5. Според него проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со Omicron BA-5.
Беќаровски пишува на ФБ профилот дека 50% од заболените со овој сој поранo или подоцна во текот на болеста манифестираат гастроентероколитичен синдром. Затоа, ова лето при појава на овие симптоми не “ја напаѓајте веднаш расипаната храна која сте ја јаделе тој ден” и избегнувајте неколку дена контакти со постарите и болни членови од вашето семејство.