Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Годишно во земјата има помеѓу 4000 до 5000 абортуси. Најмногу вакви интервенции прават на Клиниката за гинекологија и акушерство каде за 12 месеци регистрираат по 500 пациентки. Финансиската состојба, отфрленоста од околината и бројноста на семејството се најчестите изговори на жените кои ги презентираат пред лекарите. За гинеколозите од оваа установа е успех што кај 40 од нив успеваат да ја променат одлуката. Одлучувачко било кога ги слушнале последиците од прекинот на бременоста.
Секако дека ова е интервенција која е медицинска безбедна и во соодветни услови. Но тоа не смее да биде метод за планирање на семејството. Бројни се компликациите, како на пример случаи да дојде до целосно отстранување на матката, неплодност и други физички компликации, вели Марија Хаџи Лега, директор на Клиника за гинекологија и акушерство.
Според гинеколозите со вакви здравствени проблеми најчесто се соочуваат млади девојки кои бараат абортус но многу доцна доаѓале на клиника.
Се кријат, и од околината и од семејството и веќе кога се во напредна бременост бараат прекинување. Имаме комисија и таму разговараат и слушаат за последиците, но одлуката, на крај е секогаш на жената, вели Јадранка Георгиевска, претседател на првостепена комисија за прекин на бременоста.
Дополнителен проблем за медицинските лица е што малолетничките во државата многу рано почнуваат со сексуални односи, а притоа, воопшто немаат познавање од користење на заштита, ниту пак на последиците кои можат да настанат.
Изминатите две години на Клиниката за гинекологија и акушерство на 8 малолетнички им бил направен абортус. Најмладата од нив имала само 15 години. За да биде направена оваа медицинска интервенција, задолжително е потпишување на согласност и присуство на еден од родителите.
Во статистиката на ГАК е запишан и случајот со 13 годишно девојче од внатрешноста на која и бил направен абортус и која е најмладиот пациент. Дополнителен шок за гинеколзоите било што во установата дошла заедно со сопругот. Најстарата, пак, пациентка која ја прекинала бременоста на Гинекологија имала 45 години.