Раст на бројот на авионските патници: Еве каде најчесто летаат Македонците


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од јануари до август годинава од двата аеродрома во Република Македонија, аеродромот „Александар Велики” во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, превезени се вкупно 1.339.065 патници што претставува зголемување од 10,5 насто споредено со истиот период лани.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до август регистрирани се вкупно 1.223.630 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1.108.157 патници, се забележува зголемување од 10,4 насто.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари до август 2017 година, превезени се 115.435 патници, што во споредба со истиот период од 2016 година кога биле превезени 113.431 патници, се бележи зголемување од 11,6 насто.

Најзастапени дестинации според бројот на патници во овој период биле Истанбул 12,5 насто, Цирих проценти, Виена 6,6 и Базел 5,1 проценти.