Раст на биткоинот – прв пат оваа година достигна цена од 5.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Биткоинот варираше и опаѓаше со својата вредност во последниве неколку месеци. Вредноста на најмоќната и најраспространета криптовалута во декември минатата година достигна сума од 3.200 долари. Оттогаш наваму, вредноста на биткоинот имаше бавен и несигурен пораст.

Денес, вторник, 2 април, цената на биткоинот рипна за повеќе од 15 отсто во помалку од еден час. Вредноста на оваа криптовалута минимално ја надмина сумата од 5.000 долари за биткоин, за потоа да почне полека да опаѓа и да се симне до сума од 4.680 долари, пренесува CoinMarketCap.

Биткоинот имаше нестабилна конвертибилна вредност последниве неколку месеци, но овој скок е значајно евидентен, бидејќи биткоинот се нема доближено до вредност од 5.000 долари уште од ноември, 2018 година. Дополнително, ваков драстичен скок во цената не е забележан уште од 2017 година, кога порастот на вредноста на биткоинот беше нешто вообичаено.

Причини за ваквата појава

Тешко е да се лоцираат причините поради кои биткоинот денес доживеа ваков пораст на цената. Целокупниот пазар со криптовалути стабилно се развиваше во 2018 и на почетокот на 2019 година, и покрај негативната појава во поглед на вредноста. Но, изминатиов период немаше поголеми развојни појави околу биткоинот кои би имплицирале или најавиле ваков скок во цената.

Дури и Чангпенг Жао, CEO на една од најраспространетите криптовалути, Binance, изрази зачуденост за ваквиот раст на биткоинот.

Состојба на пазарот со криптовалути

Неодамнешните вести поврзани со биткоинот беа негативно, со што дополнително изненадува ваквата нагорна појава во неговата цена. Според извештајот на фондот за криптоиндекс, Bitwise, дури 95 отсто од тргувањата со биткоин биле лажни.

Цените на другите покрупни и помоќни криптовалути, како етерум, XRP, EOS и литкоин, исто така се во пораст, но во предвидливи рамки, за разлика од скокот на цената на биткоинот. Вкупната пазарана капитализација на сите криптовалути моментално изнесува околу 158 милијарди долари.