Расплаканиот зет со пиштол го принудија да се ожени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Згрозениот младоженец во индискиот град Бихара наводно бил принуден со пиштол да се ожени, пренесува Metro.

Снимката од венчавката покажува како зетот неутешно плаче за време на веначлниот обред. Во еден момент негова роднина му ги брише солзите од лицето, додека тој бара да го остави на мира.

Кога одби да ја стави традиционалната црвена боја на својата невеста, нејзините роднини му рекоа: „Не си на бесење, на венчавање си“.

29-годишниот инженер Винода Кумара наводно на пат кон работа го киднапирал братот на невестата заканувајќи му се со пиштол. Кога тој не се појавил дома, неговото загрижено семејство ја контактирало полицијата, а дури потоа некој им се јавил од скриен број и ги известил за неговата венчавка.

Кумар својата невеста ја запознал на венчавка од заеднички пријател, а нејзиното семејство побарало да ја ожени.

Иако вакво нешто не се случува често во Индија, понекогаш се случува киднапирање на иднита сопрузи од страна на татковците на идните невести со цел да се избегне нудење на голем мираз со кој би го привлекле посакуваниот зет.

Од 2016 година во Индија се киднапирани речиси 3.000 младоженци, а ниту еден од тие бракови не бил поништен.

После венчавката Кумар побарал полициска заштита.